Дома Трансфер зона Фулам ја „краде“ големата желба на Мурињо

Фулам ја „краде“ големата желба на Мурињо

Рома и Фулам се силно заинтересирани за плејмејкерот на Торино и српски репрезентативец, Саша Лукиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лукиќ игра одлична сезона и го привлече вниманието на многу клубови, а „Тутоспорт“ пишува дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Рома и Фулам.

Мурињо е голем симпатизер на Србинот и верува дека одлично ќе се вклопи во неговиот систем на игра, а во Лукиќ гледа наследник на Матиќ.

„Волчицата“ важеше како фаворит за неговиот потпис, но сега во трката се вклучи и Фулам, кој е спремен да понуди повеќе.

Премиерлигашот е спремен да ги задоволи финансиските барања на Торино и да го комплетира трансферот до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…