Борусија Дортмунд наводно му поставила краен рок на Ерлинг Халанд да одлучи за нов клуб.
Откако тимот се најде на чекор од испаѓање од Европската лига, раководството на клубот, според Cadena SER, одлуката на Халанд ќе ја бара до петок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Норвешкиот фудбалер претходно изјави дека не е среќен што клубот го притиска прерано да донесе одлука. Сакаше да се фокусира на крајот на сезоната, но Борусија очигледно сака да знае на што е и затоа му дадоа рок до петок да одлучи.
Пет тима се борат за потпис со 21-годишниот напаѓач. Кадена СЕР наведува дека главен фаворит за негов трансфер е Манчестер Сити.
Покрај овој тим се и Реал Мадрид, Барселона, Баерн и ПСЖ, а на маса има и понуда за продолжување на соработката со Борусија.
Ерлинг Халанд за Борусија одигра вкупно 79 натпревари и постигна 80 голови.