Дома Фудбал Останато Франција има најмногу фудбалери во Топ 5 првенствата во Европа

Франција има најмногу фудбалери во Топ 5 првенствата во Европа

Француските фудбалери се најзастапени во петте најсилни европски шампионати оваа сезона, покажа истражувањето на Институтот за фудбалска историја (CIES).

Француските фудбалери поминуваат 19.7% од времето на теренот во европските Топ 5 лиги, потоа следуваат Шпанците со 15.2% и Германците со 9.8%.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Општо граѓани од 85 држави зеле учество во натпревари од петте најсилни првенства во Европа оваа сезона. Инаку, во секоја лига највисок процент има на домашни фудбалери, меѓутоа разликите се големи.

Во Франција 62.7% се домашни фудбалери, а во Премиер лигата играат само 35.3% домашни фудбалери.

Најмногу Французи играат во Англија – 10.9% од општиот број на фудбалери, а во Германија нивниот процент е точно 8.0. Следуваат Бразилците со 7% во Италија и 6.8% во Франција и Аргентинците со 6.8% во Шпанија.

Премиер лигата логично е со најмногу преставници од различни држави – таму играат граѓани на вкупно 54 држави или една четвртина од членките на ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Подгответе се за декемвриска слот забава со Mozzart!

Овој месец, празничната атмосфера носи пет возбудливи турнири со вкупен награден фонд од 1…