Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ФОТО: Откриен изгледот на дресовите на Бразил за Светското првенство

ФОТО: Откриен изгледот на дресовите на Бразил за Светското првенство

Репрезентацијата на Бразил е една од најголемите фаворити за освојување на Светското првенство во Русија.

Кариоките пред дебакалот пред домашните навивачи пред четири години ќе бараат нова шанса за шестиот наслов шампион на светот, а во Русија ќе патуваат со навистина спектакуларен тим, кој ќе го предводи Нејмар. „Најк“ за Мундијалот им подготви на Бразилеците посебни дресови. Нивниот изглед навистина е одличен и откриен е неколку месеци пред стартот на првенството.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


За разлика од претходните дресови, Бразилците се одлучиле на некои мали промени. Бојата на новиот дрес ќе биде за нијанса потемна од претходната, а самиот дизајн не доживеа премногу промени. Меѓутоа без оглед на бојата на дресот, Кариоките ќе мораат да се потрудат на теренот да докажат дека се едни од најдобрите во светот и од нив се очекува да го подигнат трофејот на крајот на првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Младата сензација на Арсенал постави нов премиерлигашки рекорд

Арсенал обезбеди, како што изгледа, клучен чекор кон титулата со победата над Евертон (2:0…