Дома Фудбал Останато ФОТО: Никој не го исмеја Роналдо како жителите на Неапол

ФОТО: Никој не го исмеја Роналдо како жителите на Неапол

Фудбалерите на Јувентус синоќа се збогуваа со Лигата на Шампионите што е најголемата сензација во четвртфиналето од ова натпреварување.

Јувентус пред своите навивачи доживеаа неочекуван пораз од Ајакс кој во Торино славеше со 2:1 и така по 22 години по прв пат се пласираше во полуфиналето од Лигата на Шампионите. Цел на исмејување по натпреварот беше Кристиано Роналдо, а многу фотографии можеше да се видат на социјалните мрежи. Сепак, навивачите на Наполи заминаа чекор пред сите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, на улиците во Неапол денеска можеше да се види статуата на Роналдо во дресот на Јувентус кој во рацете го држи детергентот „Ајакс“. Јасно дека во Наполи со нетрпение го чекаа не успехот на лутиот ривал и беа подготвени за исмејување. Оваа статуа прво се појави во центарот на Наполи, а подоцна можеше да се види ширум градот за навивачите да можат да се сликаат до неа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Незадоволената ѕвезда заминува од Лондон: Челзи останува без еден од најдобрите

Енцо Фернандез, еден од водечките играчи на актуелниот тим на Челзи, размислува за својата…