Дома Фудбал Англија ФОТО: Арсенал ја направи тимската фотографија, но на неа недостасува еден играч

ФОТО: Арсенал ја направи тимската фотографија, но на неа недостасува еден играч

Играчите на Арсенал вчера имаа заедничко сликање за новата сезона, меѓутоа еден играч го пропушти традиционалниот обичај.

Санти Казорла го пропушти сликањето, наводно, доби дозвола од клубот да не биде дел од фотографијата за да може да отпатува во Шпанија на закажаната средба со лекар. Шпанскиот интернационалец кој од месецот октомври е надвор од терените, се проближува кон завршната фаза од неговото закрепнување по операцијата на зглобот.


Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер потврди дека Казорла најверојатно ќе се врати на почетокот на 2018. година. За да му помогне во неговото закрепнување, Венгер му дозволил на Казорла да се врати во Шпанија за да го посети докторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Освои триумф на Вембли: Од улиците на Меделин до славата на фудбалскиот врв

Вчера, на стадионот Вембли, Кристал Палас успеа да го запише своето име во историјата со о…