Дома Фудбал Останато ФИФА подготвува револуција, на удар Јувентус и Челзи!

ФИФА подготвува револуција, на удар Јувентус и Челзи!

fifa

Oднесувањето на двата клуба доведе до преиспитување на правилата…

ФИФА изгледа прави нов план со кој сака да ги ограничи позајмиците, но и купувањето на играчи. Позајмиците се замислиени за фудбалерите да имаат можност на друго место да се изборат за минутажа, но од друга страна тоа се претвори во начин за добар финансиски профит.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како примери се наведуваат Јувентус кој има 26 играчи на позајмица и Челзи кој има дури 40, јасно е дека и во двата случаи голем дел од играчите првиот тим на гигантите нема да го видат никогаш.

Како работите функционираат?

Ќе ги земеме за пример Италијанците.

Јувентус купува млад играч, јасно за мала сума. Го испраќа на позајмциа или дури и го продава за неколку милиони со право да го врати назад. Ризик практично и да нема, ако играчот се покаже ќе вложат пари и ќе го вратат, ако не се ослободиле од неговата плата и не изгубиле ништо.

Таков систем постои и во Челзи кој има свои филијали како Витесе.

ФИФА ќе предложи исклучок за фудбалерите под 21 година и оние кои потекнуваат од клубот, единствено тие би можеле да одат на такви позајмица.

„Билд“ неодамна тврдеше дека Јувентус пред една година изгубил 48 играчи, но заработил на 43, кога ќе се соберат трошоците и продажбата тогаш се добива заклучок дека „старата дама“ е во голем плус.

Покрај споменатиот предлог на ФИФА постои и алтернатива, а тоа е ограничување, односно клубовите на позајмица би можеле да испратат само осум играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…