Во првиот натпревар од ¼ финалето во Лигата на шампионите екипата на Ливерпул славеше голема победа во пресрет на реваншот во вторник.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред натпреварот атмосферата на „Енфилд“ беше фантастична, а за тоа зборува и изјавата на напаѓачот на „црвените“, Роберто Фирмино.
“Бевме информирани дека не очекува спектакуларна атмосфера, морам да признаам дека и така беше. Кога излегував на теренот очите ми беа полни со солзи. Таквата атмосфера и нашите навивачи ни дадоа сила да одиграме фантастично и да славиме“, изјави Фирмино.
Реванш натпреварот од двата англиски гиганти во ¼ финалето е закажан за вторник на „Итихад“ и поголем дел од фудбалската јавност верува дека оваа победа на Ливерпул ќе биде сосема доволна за да изборат место помеѓу најдобрите четири екипи во Европа.