Дома Фудбал Финале пред финале во Кралскиот куп

Финале пред финале во Кралскиот куп

Денес беа извлечени полуфиналните двојки во шпанскиот Кралски куп. Првиот полуфинален пар го сочинуваат Барселона и Валенсија, а вториот Леганес и Севиља.

Барселона синоќа со 2-0 го совлада тимот на Еспањол и со вкупен резултат 2-1 се пласира во полуфиналето, додека Леганес направи сензација со победата над Реал Мадрид.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Вкупниот резултат беше 2-2, но Леганес помина поради повеќе постигнати погодоци во гости, бидејќи во реваншот славеше со 1-2.

Првите натпревари се играа на 31. јануари, а реваншите на 7 февруари.

Полуфинални натпревари:

Барселона – Валенсија

Леганес – Севиља

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Омерагиќ: Вредноста на репрезентацијата не зависи од еден резултат

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, преку социјалните м…