Дома Фудбал Останато Филипе Мело открива: Имавме тактика сите неизменично да го удираме Меси

Филипе Мело открива: Имавме тактика сите неизменично да го удираме Меси

Фелипе Мело со години наназад го држи епитетот за еден од најгрубите играчи во светскиот фудбал, и во својата долга кариера има добиени вкупно 18 црвени картони.

Мело во кариерата играше за големи клубови како Јувентус, Интер, Фиорентина и Галатасарај, а беше и бразилски репрезентативец.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бразилецот јавно ја откри „тактиката“ со која се служеле за да го задржат Лионел Меси.

„Лео е единствен и неверојатен фудбалер. Кога со бразилската репрезентација игравме против него, заклучивме дека сите мораме барем по еднаш да го удриме доколку сакаме да го запреме. Договорот беше наизменично да се ротираме, секој да го удри барем по еднаш, но не за да го повредиме туку да го извадиме од ритам. Не постои начин да запрете таков фудбалер, ние моравме да правиме прекршоци и да го „тепаме“ за го извадиме од ритам“, открива Фелипе Мело.

За мене, Меси е најдобар во историјата. Не можам да кажам ништо за Пеле, не сум го гледал како игра. Меси е над Кристиано.  Роналдо може да ти даде пет гола, а Меси да даде исто толку, но и да намести уште толку. За мене е покомплетен“, заклучи Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…