Дома Македонски спорт Мак баскет ФИБА се огласи: Цела репрезентација на Македонија оди во карантин!

ФИБА се огласи: Цела репрезентација на Македонија оди во карантин!

Денес од 15:00 часот требаше да се игра квалфикацискиот натпревар во Талин помеѓу Македонија и Италија, но истиот беше одложен.

Поради три позитивни случаи регистрирани во нашиот национален тим ФИБА се реши да го одложи мечот, а нашата репрезентација оди во карантин.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од ФИБА се огласија и со официјално соопштение:

„Следејќи го протоколот Ковид-19 за официјалните натпреварувања на ФИБА во националните тимови и клубовите и советите на нејзината медицинска комисија, ФИБА одлучи да го одложи натпреварот Италија – Северна Македонија, за квалификациите за ФИБА Евробаскет 2022 што требаше да се одржи денес во Талин, Естонија. Одлуката беше донесена откако тројца членови на делегацијата од Македонија беа позитивни на ковид-19, при што примарното внимание беше на здравјето и безбедноста на играчите, тренерите и службениците. Остатокот од делегацијата е ставен во изолација. Дополнително ќе се изврши ново тестирање на тимската делегација на Македонија за понатамошна медицинска проценка и одлуки, вклучително и можно презакажување на натпреварот за време на овој ноемвриски прозорец. ФИБА ќе продолжи да ја следи ситуацијата со Ковид-19 и да ги соопштува сите дополнителни ажурирања во врска со нејзините натпреварувања доколку е потребно“, стои во соопшението

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…