Дома Фудбал Англија Фергусон уживал кога ги натерал неговите играчите да направат шампионски шпалир за Челзи

Фергусон уживал кога ги натерал неговите играчите да направат шампионски шпалир за Челзи

Пеп Гвардиола најави дека вечерва неговите играчи ќе приредат шампионски шпалир на Ливерпул кој ја обезбеди титулата за оваа сезона.

Ваквата традиција во Англија се практикува со години и сигурно за фудбалерите е посебно чувството кога добиваат аплаузи од најголемите ривали во сезоната. Гери Невил се потсети како Сер Алекс Фергусон уживал кога ги натерал играчите на Јунајтед да му аплаудираат на Челзи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Челзи со Мурињо во 2005 година ја освои титулата со освоени 95 бодови. Пред математички да ја обезбедат титулата Челзи гостуваше на „Олд Трафорд“, а Невил откри дека Ферги се погрижил да им биде непријатно.

„Се сеќавам му направивме шпалир на Челзи и добро паметам дека Фергусон уживаше. На тоа гледаше како: Тие со титула ви доаѓаат дома и мора да им аплаудирате, тоа ќе ве повреди. Мое мислење е дека шампионскиот шпалир треба да продолжи, најдобриот тим заслужува почит“, изјави Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дел Пјеро бесен по новата елиминацијата, а еден цитат посебно ги боли Италијанците!

Азурите продолжуваат да се лизгаат уште подлабоко, иако како веќе да нема каде да одатR…