Дома Фудбал Англија Фелаини: Се однесуваат кон мене како да сум „убиец“

Фелаини: Се однесуваат кон мене како да сум „убиец“

Фудбалерот од средината на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини исткана дека не е задоволен од третманот кој го има во Англија и дека не е сигурен дали ќе остане „Олд Трафорд“.

„За мене пишуваат дека сум агресивен фудбалер. Што би требало да направам кога некој ќе ме повлече за коса? Тоа се звучи како шега, но навистина е болно. Минатата сезона бев суспендиран после дербито со Сити бидејќи наводно сум го удрил Агуеро со глава. Тој стоеше пред мене и само падна, Но, јас добив црвен картон. Противничките фудбалери често пати се обидуваат да ме провоцираат, а знаете ли колку жолти картони добив минатата сезона? Само четири на 45 натпревари“, изјави белгискиот фудбалер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јунајтед на почетокот од годината ја активираше клазулата за продолжување на договорот на Фелаини на уште една година, но неизвесно е дали 30 годишниот фудбалер ќе остане на „Олд Трафорд“.

„Ми испратија понуда, можеби ќе има уште една. Не знам дали ќе ја прифатам. Ќе видиме. Не можеш тоа само така да го направиш. Доколку не ме сакаат во клубот сигурно би ми кажале“, наведе Фелаини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола: И да испаднеме во петта лига, останувам во Сити

Шпанскиот селектор Пеп Гвардиола потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити каде ја …