Дома Актуелно Фелаини пронајде изговор за лошата форма, најави и ТУЖБА!

Фелаини пронајде изговор за лошата форма, најави и ТУЖБА!

Манчестер Јунајтед во средата беше поразен од швајцарски Базел со 0:1, иако го обезбедија првото место и пласманот во следната фаза, медиумите ги нападнаа избраниците на Мурињо.

Посебно на мета на англиските медиуми беше Маруан Фелаини. Приказните за заминување на Фелаини не престануваат, а Белгиецот неодамна се најде во фокусот поради ситуација која нема многу врска со фудбалот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Имено, Фелаини одлучил да го тужи произведувачот на спортска опрема „New Balance“.

Британски „Гардијан“ пренесува дека Фелаини се жалел дека копачките се лоши и дека влијаеле на неговиот настап.

Фелаини од „New Balance“ ќе бара оштета од два милиони фунти, а наводно еден од доказните материјали верувале или не ќе биде „WhatsApp“ порака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Баерн доби големо засилување: Упамекано потполно се опорави

Фудбалерот на Баерн Дајо Упамекано се опорави од повредата на коленото на левата нога и го…