Meнаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино ја дозна казната за вербалниот судир кој го имаше со судијата Мајк Дин после поразот на Тотенхем од Барнли (2:1).
Аргентинскиот стратег после натпреварот изрази големо незадоволство од судењето на Мајк Дин и одлучи сето тоа отворено да му го каже.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалската асоцијација веднаш започна постапка против него, а денес Покетино ја дозна казната кога воопшто не е блага.
Покетино не ќе може да го води тимот во наредните два натпревари и ќе мора да плати 10.000 фунти.
Така Аргентинецот нема да го гледаме на клупата на Тотенхем во натпреварот за викендот против Саутемптон и веројатно против Ливерпул на 31-ви март, бидејќи натпреварот со Кристал Палас кој требаше да се одигра помеѓу овие две средби е одложен.
Отсуството на Покетино од клупата сигурно ќе има влијание на играта на Тотенхем кој во последно време игра навистина лошо во Премиер лигата. Спарсите се во серија од три натпревари без победа. Имаат два порази и едно реми.
BREAKING: @SpursOfficial manager Mauricio Pochettino has been handed a two-game touchline ban and fined £10,000 for improper conduct after their away defeat to Burnley.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) March 6, 2019