Дома Трансфер зона Фантастични вести за Арсенал: Дефанзивецот кажа – ДА!

Фантастични вести за Арсенал: Дефанзивецот кажа – ДА!

Како што пренесуваат германските медиуми, дефанзивецот на Шалке ја прифатил понудата од Арсенал.

Изгледа дека се е завршено, Сеад Колашинац, одлучил кариерата да ја продолжи во Лондон. Тој наводно се согласил на петгодишен договор со Арсенал.„Топџиите“ веќе некое време покажуваа интерес за Колашинац, посебно откако Босанецот одлучи да не го продолжи договорот со клубот од Гелзенкирхен.


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


Познато е дека за услугите на Колашинац заинтересирани беа бројни европски клубови, помеѓу кои и италијански Јувентус, но како што изгледа во овој момент Колашинац го избрал Арсенал.

Судејќи според ситуацијата самиот фудбалер веројатно одлуката ја донел после победата на Арсенал над Стоук, со која тимот на Венгер дополнително се доближи до пласман во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Така тоа го прави Марота: Интер го претстави бесплатното засилување од Наполи

Eкипата на Интер соопшти дека полскиот репрезентативец Пјотр Зјелински пристигнува во Ломб…