Дома Фудбал Фановите гласаа: Зидан да се оди веднаш!

Фановите гласаа: Зидан да се оди веднаш!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан повеќе ја нема довербата на фановите на клубот.

Во анкета која ја спроведе весникот „АС“ мнозинството на фановите гласале Зидан веднаш да си замине од Реал Мадрид.

Гласале повеќе од 50.000 фанови, а дури 60% од нив сметаат дека Французинот треба да биде заменет.

Реал синоќа доживеа срамна елиминација во Купот од третолигашот Алкањо. „Кралевите“ се во лоша форма и имаат само една победа на последните пет меча.

Засега од клубот не преземаат чекори за смена на Зидан, но има индикации дека се подготвува тренерска смена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Раднички Ниш останува без тренер по поразот од Војводина

Марко Неѓиќ ја напушта тренерската позиција во Раднички Ниш по убедливиот пораз од Војводи…