Дома Фудбал Останато Фабрегас го откри играчот кој смета дека ќе ја освои Златната топка во иднина

Фабрегас го откри играчот кој смета дека ќе ја освои Златната топка во иднина

Играчот на Челзи, Еден Азар ги има сите предпозиции да ја освои Златната топка, смета неговиот соиграч, Цеск Фабрегас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фабрегас во пресрет на вечерашното гостување на Челзи против Вотфорд, во рамките на 26. коло од Премиер лигата, изјави дека Азар има талент да биде прогласен за најдобар фудбалер во светот.

„Тој е играч кој може да игра еден на еден, може да дојде во посед на топката, може да асистира и покажува голема вештина со контролата на топката. На него е доколку сака да ја освои Златната топка“, изјави Фабрегас во интервју за „Sky Sports“.

Фабрегас изјави дека во својата долгогодишна кариера имал прилика да игра со најдобрите играчи и смета дека Белгијанецот е еден од нив. Белгискиот репрезентативец е еден од клучните играчи на Челзи, со кого минатата година ја освои титулата во Англија. Оваа сезона постигна осум лигашки голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ма какво пензионирање: Лука Модриќ доби повик што не можеше да го одбие!

Многумина сметаат дека натпреварот против Португалија беше последен за Лука Модриќ во дрес…