Нови лоши вести пристигнуваат за репрезентацијата на Португалија пред Светското првенство во Катар.
Според последните информации искусниот 39-годишен дефанзивец Пепе е неизвесен за настап на Мундијалот бидејќи има проблеми со повреда на коленото. Последен пат на теренот Пепе беше против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите, натпревар во кој одигра четири минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот стратегот на Порто, Серџо Консесиao изјави дека не знае дали ќе може да смета на Пепе уште неколку недели.
„Нашиот медицински персонал ќе направи се што е можно. Дали ќе бидат потребни денови или недели ќе видиме“, изјави тренерот на португалскиот гигант.
Отсуството на Пепe за Мундијалот би бил уште еден удар за Португалците бидејќи претходно останаа без Диого Жота кој сигурно нема да биде подготвен.