Дома Трансфер зона Уште еден клуб се вклучи во трката за „заложникот“ Рабио

Уште еден клуб се вклучи во трката за „заложникот“ Рабио

0

Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид е последниот клуб кој се вклучи во трката за потпист на францускиот играч за врска Адриен Рабио, пренесува „АС“.

Рабио откако одби да го продолжи договорот со ПСЖ е надвор од тимот, па на крајот на сезоната како слободен агент ќе го напушти „Паркот на принцовите“.

Спортскиот директор на „јорганџиите“ Андре Берта веќе остварил контакт со менаџерите на плејмејкерот, со цел да дознае дели Рабио е заинтересиран да се пресели на „Ванда Метрополитано“.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне дал зелено светло за ангажман на 23-годишниот Французин.

Интерес за Рабио има готово од сите водечки клубови во Европа, па ќе биде интересно да се види кој ќе биде неговиот избор на лето.

Мајката и негов агент, Вероник вчера го обвини ПСЖ дека Рабио е третиран како „заложник“ во францускиот клуб (ОВДЕ).

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона ќе го пушти Дембеле во Ливерпул, но само под еден услов

Осман Дембеле во 2017 година како големо засилување пристигна од Борусија Дортмунд во Барс…