Шампионот во НБА лигата Денвер Нагетс го претрпе и третиот пораз во сезоната откако загуби на гостувањето кај Њу Орлеанс со 110:115.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ниту маестралниот настап на Никола Јокиќ не беше доволен Денвер да го избегне поразот. Српскиот кошаркар го заврши натпреварот со 26 поени, 16 скока и 18 асистенции. Денвер ниту еднаш не водеше во натпреварот само на почетокот имаше 2:2, а во последната четвртина дојде до 102:103.
Јокиќ од друга страна од 1990 година наваму е играчот со најмногу натпревари со 21/15/15 во трите најважни статистички категории. Ако се смета целата историја на НБА подобар од него е само Вилт Чембрлен.
Најефикасен кај Њу Орлеанс беше Зајон Вилијамсон со 26 поени, Валанчиунас постигна 22, а Инграм 21. Без Мареј, младиот Браун дојде најблиску до Јокиќ со 25 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Милвоки 99-130
Вашингтон – Њујорк 99-120
Атланта – Филаделфија 116-126
Кливленд – Детроит 108-100
Сан Антонио – Сакраменто 120-129
Торонто – Бостон 105-108
Чикаго – Орландо 97-103
Њу Орлеанс – Денвер 115-110
Портланд – ЛА Лејкерс 95-107
Јута – Феникс 128-131
ЛА Клиперс – Хјустон 106-100