Дома Фудбал Германија Урнебесна реакција на Дејвис кога му кажаа дека поставил нов рекорд (ВИДЕО)

Урнебесна реакција на Дејвис кога му кажаа дека поставил нов рекорд (ВИДЕО)

Баерн во Алфонсо Дејвис доби изгледа одличен играч за во наредните десетина години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако продолжи сезоната во Бундеслигата Дејвис воодушевува со својата брзина и експлозивност, а вчера против Вердер постави нов рекорд.

Имено, репрезентативецот на Канада во еден момент трчаше со брзина од 36.51 km/h што е нов бундеслигашки рекорд.

Кога по натпреварот му ја соопштија таа вест, реакцијата на Дејвис беше урнебесна после што се уозбили.

Овој 19 годишник пред да му каже новинарот не беше ни свесен дека поставил нов рекорд, а во изјавата истакна дека е среќен поради успехот и освојувањето на 8. титула во низа на Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Фиренца во транс од Мастантоно

Фудбалерот на Реал Мадрид, Франко Мастантоно, пристигна на позајмица во Фиорентина, каде ш…