Дома Фудбал Останато УЕФА ја претстави Звезда со фотографија од – Партизан! (ФОТО)

УЕФА ја претстави Звезда со фотографија од – Партизан! (ФОТО)

Црвена Звезда на свој терен вчера запиша победа во Лигата на шампионите од 3:1 против Олимпијакос.

Белградскиот тим во првото коло запиша пораз од Баерн со високи 3:0, а сега успеаа да победат против тимот кој се очекува да им биде ривал за третата позиција.

Пред овој натпревар голем кикс направи Европската куќа на удбалот, УЕФА.

УЕФА сакаше да ја претстави Звезда, па така неколку часа пред натпреварот одлучија да постават фотографија од тимот и да напишат дека во 1991 година биле европски шампиони, како и дека минатата година во Србија стигнале до 29-тата првенствена титула.

Сепак, проблемот е што фотографијата е од тимот на нивниот голем ривал, Партизан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Карим Бензема за својата иднина: „Ќе останам во Ал Хилал“

Карим Бензема стави крај на шпекулациите за својата иднина и потврди дека планира да остан…