Дома Топ вести УЕФА постави услов – ПСЖ мора да продава!

УЕФА постави услов – ПСЖ мора да продава!

0

Одлуката на УЕФА ги налути повеќето клубови, до крајот на јуни Парижаните ќе продадат двајца играчи, а се знае кој би требало да го напушти клубот. Си заминуваат две големи ѕвезди, Тухел има идеја што би можел да промени.

ПСЖ на крајот се извлече, до крајот на јуни ќе мораат да продадат играчи за 60 милиони евра, но тоа нема да биде проблем, Гуедеш е на излезни врати, како што рековме, доколку Селтик до откупи Одсон Едуардо, тоа би било доволно да се исполни условот на УЕФА. Од другата страна, тоа јасно нема да биде се, Тухел во текот на летото ќе ослободи уште неколку играчи за да направи простор за нови купувања.

Јасно е дека клубот ќе мора да внимава на финансиите, но тие сега практично го решија проблемот, одврзани им се рацете за следните три сезони, па ќе можат да ги надминат финаниските книги. На продажба се Ди Марија и Пасторе, првиот гледа кон Шпанија, односно Атлетико, иако по Мундијалот би можел да прифати некоја непристојна понуда од Кина. Од другата страна, „Ел Флако“ би сакал да се врати во Италија, Наполи и Интер со задовослтво би сакале да го видат во своите редови.

Од останатите би можел да си замине Курзава, Тухел сака нов лев бек, Гереира од Дортмунд, а ни Муниа не е сигурен. Исто така, Јури би можел да се врати во Шпанија. Се чека доаѓањето на Буфон, германскиот тренер би сакал да ги задржи Рабиот, Верати, но и сонародникот Дракслер, додека сигурно нема да ризикува да го налути Нејмар со бркањето на Алвеш или Тиаго Силва.

Во ПСЖ се надеваат дека од продажба би можеле да заработаат и 150 милиони евра што е премногу амбициозно, а прв играч на листата на желби е Канте од Челзи. Нема информации за заминувањето на Кавани, иако како негови наследници се споменуваат Игуаин или Левандовски, а не кријат дека разговарале со Диабала.

Впечатокот е дека нема да има премногу промени, односно доведување на играчи, но од другата страна сигурно ќе видиме некој голем трансфер.

Коментари
loading...
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо ја промени историјата: Го мина Пушкаш и стана најефикасен Европеец!

Кристијано Роналдо со голот против Мароко дојде до 85-от гол за Португалија и со тоа стана…