Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА не премолча: Санкциониран Олимпијакос поради своите навивачи

УЕФА не премолча: Санкциониран Олимпијакос поради своите навивачи

Европската фудбалска унија, денес го казни Олимпијакос со 60.000 евра, бидејќи навивачите на два пати влегоа на терен и пријдоа кон фудбалерот на Барселона, Лионел Меси во текот на мечот помеѓу двата клуба во Лигата на шампионите.

УЕФА наведе дека Олимпијакос е казнет поради влегувањето на навивачите на терен, во текот на мечот на 31. октомври во Атина.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Еден навивач го прегрна и бакна Меси во близината на корнер знаменцето, а потоа во завршницата на мечот пријде друг навивач, кој сакаше да се слика со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Олимпијакос е казнет и поради недозволените песни на навивачите, но и поради тоа што фудбалерите на Барселона беа попречувани со ласери од трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вучиќ дојде на натпреварот на Црвена звезда и доживеа брутално понижување (Видео)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по долго време се појави на стадионот Рајко Мити…