Дома Фудбал Останато УЕФА го зголеми фондот за клубовите кои нема да играат во Европа

УЕФА го зголеми фондот за клубовите кои нема да играат во Европа

Фудбалските клубови кои нема да успеат да се пласираат во групната фаза во едно од трите европски клупски натпреварувања од следната сезона ќе добијат поголем дел од приходот од УЕФА, согласно новиот модел на распределба.

УЕФА и Здружението на европски клубови (ЕЦА) потпишаа нов договор со важност до 2030 година, кој „ќе ја засили долгорочната стабилност и одржливиот раст во европскиот клупски фудбал“, се наведува во официјалното соопштение.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Промената стапува на сила од почетокот на сезоната 2024/25, што се совпаѓа со новиот формат во Лигата на шампионите на УЕФА, Лигата на Европа и Европската конференциска лига.

Според новиот модел за циклусот 2024-2027 година, седум проценти од приходите на УЕФА од трите натпреварувања ќе бидат распределени на клубовите кои не се натпреваруваат во нив, а моментно добиваат четири проценти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Почина 18-годишен фудбалер во Црна Гора

Фудбалерот на црногорскиот клуб Зета, Немања Улиќевиќ, трагично го загуби животот на само …