Дома Фудбал Англија Убедлива победа на Манчестер Јунајтед на пријателскиот натпревар против Ливерпул

Убедлива победа на Манчестер Јунајтед на пријателскиот натпревар против Ливерпул

Пријателскиот натпревар во Банког помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул заврши со убедлива победа на тимот на Ерик Тен Хаг (4:0).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На „Олд Трафорд“ започна нова ера со Тен Хаг на клупата и денес очигледно тие посериозно ја сфатија задачата во пријателскиот меч со големиот ривал од Премиер лигата. Се играше 13. минута кога Џејдон Санчо без проблеми постигна гол после слабата интервенција на одбраната на Ливерпул.

Нов гол Јунајтед постигна во 30.минута. На маестрален начин Фред од работ на казнетиот простор го лобуваше Алисон. Само три минути подоцна Марсијал се погрижи за 3:0.

Второто полувреме донесе уште еден гол во мрежата на тимот на Клоп, а стрелец беше Пелистри за конечни 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тухел во жестока дискусија со Пикфорд. “Прави како што ти реков”

Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, се најде во интензивна дебата со Џор…