Дома Фудбал Англија Тухел прв пат се сретна со Абрамович: Не можеше во полош момент!

Тухел прв пат се сретна со Абрамович: Не можеше во полош момент!

Томас Тухел седна на клупата на Челзи во јануари и синоќа го донесе тимот до врвот на Европа, откако го освои трофејот во Лигата на шампиони.

Германскиот стратег до сега немал средба со сопственикот Роман Абрамович и синоќа прв пат се видоа после финалето.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Зборував со газдата веднаш по мечот на теренот. Мислам дека нема подобар момент од ова, но исто така, нема ни полош момент да зборувате со прв човек на клубот. Од овој момент, може да биде само полошо, по титулата во Лигата на шампионите, може да доаѓаат само помали работи“, истахна Тухел.

Англиските медиуми пренесуваат дека Абрамович веднаш ќе му понуди продолжување на договорот со значително зголемивање на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се подготвува контроверзен трансфер: Младата ѕвезда на Реал доаѓа во Барселона?

Според наводите на реномираниот бразилски портал UOL Esporte, Барселона не планира да заст…