Дома Фудбал Останато „Трофејот во Лига Европа? За мене успех е што го елиминиравме Ливерпул“

„Трофејот во Лига Европа? За мене успех е што го елиминиравме Ливерпул“

За тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, елиминацијата на Ливерпул во четврт-финалето на Лига Европа е успех еднаков на освојување трофеј.

Аталанта загуби вчера во Бергамо од Ливерпул со 1:0, но минатиот четврток славеше на „Енфилд“ со резултат 3:0 и со тоа направи огромно изненадување пласирајќи се во полуфиналето.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Овој успех на Аталанта значи и дека Италија следната сезона сигурно ќе има пет претставници во Лигата на шампионите.

“Одигравме добар натпревар. Физички успеавме да издржиме силното темпо. Можеби не сум освоил трофеј во мојата кариера, но овој резултат е вреден како да сме ја освоиле Лигата на Европа. Секако дека сакаме да се бориме за трофејот, но за мене успех е кога гледам единство во тимот“, изјави Гасперини и додаде:

Кога клуб како нашиот ќе успее да постигне резултат кој е историски, тогаш морам да го сметам за исклучителен успех за мојата кариера, како и за градот Бергамо“, заклучи искусниот италијански стручњак.

Во полуфиналето на Лига Европа Аталанта ќе игра против Марсеј, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат Рома и Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти и Реал воодушевени: Ѓулер има неверојатна статистика

Турскиот фудбалер, Арда Ѓулер долго време чекаше вистинска шанса во Реал, но во завршницат…