Мемфис Депај на лето готово сигурно ќе ја напушти Барселона, а најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Серија А.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Каталонски „Спорт“ пренесува дека италијанските гиганти Милан, Интер и Јувентус се силно заинтересирани за Холанѓанецот и веќе ја започнале битката за неговиот потпис.




Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и одлично се вклопи во тимот.
Чави не е симпатизер на неговата игра, ги доведе Торес и Обамејанг, па минутажата на Холанѓанецот значително се намали.




Таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Наводно Барселона за неговата слобида бара 25 милиони евра, а италијанските клубови се спремни да ја платат таа сума.