Српскиот центар Никола Јокиќ блеска во НБА лигата, а изминатата вечер оствари трипл-дабл каков што во НБА лигата немало 62 години.
Имено, Јокиќ во победата над Бруклин по продолжение од 144:129 имаше учинок од 29 поени, 18 скокови и 16 асистенции. Ваков трипл-дабл во најсилната кошаркарска лига немало уште од времето на Оскар Робертсон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Јокиќ ова беше и седми натпревари во неговата кариера со 25 поени во комбинација со 15 или повеќе асистенции, а во комплетната НБА лига сите активни играчи немаат одиграни толку такви средби заедно.
Џамал Мареј и Арон Гордон против Бруклин му беа одлична поддршка со по 24 поени, додека на спротивната страна Денис Шрудер стигна со 28 поени и 14 асистенции.
За Денвер ова беше втор триумф во низа откако го победија Торонто, а сезоната ја започнаа со два порази од Оклахома и Клиперс.