Дома Македонски спорт Мак баскет Трајковски и Маслинко го засилија МЗТ

Трајковски и Маслинко го засилија МЗТ

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ, денес официјално се засили со Бојан Трајковски и Андреј Маслинко.

Трајковски минатата сезона настапуваше за Карпош Соколи, а претходно има играно и за Балкан стил, Работнички, Фени индустри, Торус, Лирија, Куманово, како и за полскиот Чарни Слупск и косовска Приштина.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Маслинко доаѓа од таборот на Работнички, а има настапувано и за италијанскиот младински тим Стела Азура.

Претходно, во МЗТ пристигнаа повратниците Дамјан Стојановски и Бобан Стајиќ, Американецот Ерик Гарсија, како и талентираните Михајло Митев и Ранко Мамузиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…