Дома Топ вести Трансфер бомба: Спремна понуда која Барса нема да може да ја одбие!

Трансфер бомба: Спремна понуда која Барса нема да може да ја одбие!

Доаѓањето на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед не ги промени многу работите со оглед на фактот што „црвените ѓаволи“ и оваа сезона остваруваат просечни резултати.

Летово на „Олд Трафорд“ пристигнаа Ибрахимовиќ и Погба, а англиските медиуми тврдат дека Јунајтед спрема нова трансфер „бомба“.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Станува збор за ѕвездата на Барселона, Нејмар за кого „црвените ѓаволи“ се спремни да испратат понуда од неверојатни 211 милиони евра.

Имено, Мурињо е во потрага по нова ѕвезда која ќе може адекватно да ги замени Ибрахимовиќ и Руни кои се во залез на кариера, па прва и најголема желба е токму Нејмар.

Бразилецот неодамна го продолжи договорот со Каталонците, но во него има откупна клаузула која не е многу поголема од онаа која ја имаше во претходниот договор.

Притоа, Нејмар има големи промени со шпанските закони и нема ништо против да ја промени средината, а Манчестер Јунајтед сигурно би бил одлична дестинација за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лапорта: Одбивме 250 милиони за Јамал

Барселона од година во година потврдува дека ја има една од најдобрите младински академии …