Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 16ти јануари: Де Јонг ја одбил Барса оди во ПСЖ!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 16ти јануари: Де Јонг ја одбил Барса оди во ПСЖ!

Веќе измина половина од зимскиот преоден рок ширум светот, Спортски.мк е тука за да ве известува за случувањата на трансфер пазарот – БИДЕТЕ ВО ТЕК!

– Тука можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Утрово се појави информација дека Рома покажала интерес за фудбалерот на Арсенал, Елнени.

– Џенова му порача на Милан дека нема да ги чека до последниот ден за Криштоф Пијатек.

„Чекаме понуда за Пијатек. До сега нема официјална понуда, само интерес. Милан знае дека сакаме да го задржиме играчот до крајот на сезоната, но ќе ги разгледаме сите понуди кои ќе пристигнат. (ОВДЕ)

– Нови шпекулации за Нејмар и Барселона (ОВДЕ)

– На Островот се пишува дека Арсенал е спремен да испрати понуда од три милиони евра за позајмица на Џејмс Родригез до крајот на сезоната, освен Родригез со Арсенал на големо се поврзува и Јаник Караско.

– ГОТОВО: Голманот на Реал Мадрид, Кико Касиља се наоѓа на медицински прегледи во Лидс!

– Милан освен што работи на трансферот на Пијатек, тука се и продажбите. Лајпциг ја зголемил понудата за Хакан Чалханоглу на 22 милиони евра, но Гатузо не сака да слушне за негова продажба.

Оле Гунар Солскјер го промени статусот на Маруан Фелаини на „Олд Трафорд“. Манчестер Јунајтед сега е спремен да ги сослуша понудите за Белгиецот. Неодамна белгиските медиуми лансираа бомба дека тој е блиску до трансфер во Милан. Сепак, тоа беше се и не се појавија нови информации.

Марио Балотели се поблиску до заминување од Ница, фаворит за неговиот потпис сега е Џенова. (ОВДЕ)

Даниел Стариџ ќе остане во Ливерпул до крајот на сезоната, но фудбалерот сега би можел да потпише преддоговор со неговиот иден клуб. Понуди има од американската МЛС лига.

– Во Бетис не се шегуваат! Овој клуб сака прво да се ослободи од Инуи и Будебуз, а потоа да го доведе на позајмица напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.

– Искусниот Уругваец, Мартин Касерес е пред враќање во Серија А. За неговиот потпис интерес покажаа Болоња и Парма.

– Арсенал се обидува на сите начини да се ослободи од Месут Озил, Германецот бил понуден на Интер и Атлетико Мадрид, но клубот од Лондон не добил позитивни сигнали.

– Милан денес го игра Суперкупот против Јувентус, а на фотографјата пред натпреварот се најде целиот тим освен Игуаин. Ова веројатно значи дека го завршува трансферот во Челзи.

Кристијан Ериксен ги подгреа шпекулациите за трансфер на „Сантијаго Бернабеу“! (ОВДЕ)

– Искусниот Јохан Џуру го раскина договорот со СПАЛ.

– После повредата на Хари Кејн, Тотенхем ќе се обиде да доведе нов напаѓач, се споменува и Марко Арнаутовиќ кој се наоѓа пред трансфер во Кина.

– ДЕФИНИТИВНО: Франк Де Јонг ја одби Барселона, сака во Пари Сен Жермен! (OВДЕ)

Бартомеу потврди: Барселона работи на нов договор за Жорди Алба

„Секако дека ќе остане. Ние работиме со него на нов долгорочен договор за следните пет години“.

– Навивачите на Милан можат да бидат мирни, Гонзало Игуаин сепак е со тимот во Џеда.

– МАКЕДОНЕЦ: 19 годишниот Мите Тодоров задоволил на пробата во Ренџерс и наскоро ќе потпише договор тимот на Стивен Џерард! (ОВДЕ)

– Денис Суарез е се поблиску до Арсенал. (ОВДЕ)

– Холандските медиуми пренесуваат дека двата англиски гиганти, Манчестер Јунајтед и Ливерпул се силно заинтересирани за фудбалерот на ПСВ, Стивен Бергвајн. (ОВДЕ)

Maрио Манџукиќ би можел да биде надвор од терените и четири месеци, а тоа може да значи дека на Јувентус ќе му биде потребен класичен напаѓач во јануари.

Покетино потврди дека Тотенхем нема да купува нови играчи и покрај повредата на Хари Кејн.

– Oд Баерн Минхен потврдија дека се во преговори со Челзи за Хадсон Одои од Челзи (OВДЕ)

Џанлука Ди Марцио пренесува дека фудбалерот на Хајдук, Анте Палварес би можел да го засили Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чави објасни зошто одлучил да остане во Барселона

Oд Барселона потврдија дека Чави Ернандез ја сменил одлуката и ќе остане тренер на каталон…