Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед и Ливерпул се „тепаат“ за ѕвездата на ПСВ

Манчестер Јунајтед и Ливерпул се „тепаат“ за ѕвездата на ПСВ

Манчестер Јунајтед и Ливерпул до крајот на преодниот рок ќе се борат за потписот на ѕвездата на ПСВ, пренесуваат англиските медиуми.

Холандските медиуми пренесуваат дека двата англиски гиганти се силно заинтересирани за фудбалерот на ПСВ, Стивен Бергвајн.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крилниот напаѓач има 21 година, а на 16 меча оваа сезона постигна 9 гола и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Наводно „црвените ѓаволи“ веќе започнале преговори со холандскиот клуб, кој за својот фудбалер бара 25 милиони евра. Солскјер го известил раководството дека во јануари му е потребен еден крилен напаѓач.

Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати сумата која ја бара ПСВ, но треба да ја победи конкуренцијата, бидејќи и Ливерпул е силно заинтересиран за Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…