Дома Фудбал Останато Се е подготвено за враќањето на Нејмар во Барселона?

Се е подготвено за враќањето на Нејмар во Барселона?

neymar

Изгледа дека Бразилската ѕвезда Нејмар е подготвена на се за да се врати во Барселона.

Практично од самото доаѓање во ПСЖ, медиумите го преселуваат Нејмар во клубови секој трансфер период. Дека тоа не е случајно потврдуваат постапките на Бразилецот, кој смета дека во Париз нема третман кој го заслужува.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во целата траснфер сага околу Нејмар се вклучи и Реал Мадрид кој иако играл за Барселона, со задоволство би го видел во својот тим Бразилецот. Новинари од „Мундо Депортиво“ тврдат дека добиле потврда од дури три страни, од Париз, Доха и Барселона, дека Нејмар следното лето се враќа во Барселона.

Иако некои се загрижени за тоа како Нејмар ќе биде дочекан на „Камп Ноу“, во Барселона сметаат дека тој со своите добри игри ќе успее да ги добие навивачите на своја страна. Барселона се уште не започнала да преговара со ПСЖ, но познато е дека Барса секогаш прво се договара со играчот, па потоа оди да преговара со клубот. Странските медиуми сметаат дека токму таква ситуација е и со Нејмар.

Она што оди во прилог на Барселона е тешката ситуација на ПСЖ околу фер плејот и ќе мора да жртвува еден од Нејмар или Мбапе. А изгледа дека изборот паднал на Нејмар…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…