Дома Топ вести Трансфери во живо: Се решава судбината на Кутињо, Санчез, Ди Марија, Озил, Лемар…

Трансфери во живо: Се решава судбината на Кутињо, Санчез, Ди Марија, Озил, Лемар…

Трансфер периодот ширум Европа влезе во завршна фаза. Останаа уште само два дена, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

-Трансферот на Кутињо во Барселона сеуште е најактуелна тема на трансфер пазарот. Последната информација која ја пласираа шпанските медиуми е дека Лиеврпул прифатил понуда од 160 милиони евра (ОВДЕ).


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


-Интер не се откажува од намерата да го донесе Мустафи и испрати нова понда до Арсенал, сега се чека одговор од „топџиите“ (ОВДЕ).

-Англиските медиуми пренесуваат дека Месут Озил до крајот на преодниот рок би можел да се врати во Бундес лигата и да го облече дресот на Борусија Дортмунд. (ОВДЕ)

-Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер и Вест Хем започнале преговори за трампа Брозовиќ – Огбона. „Нероаѕурите“ се во потрага по дефанзивец и се спремни да го „жртвуваат“ Хрватот.

Бенедикт Ховедес денес пристигна на медицински прегледи во Торино и до крајот на денот треба и официјално да стане нов играч на Јувентус.

-Барселона до крајот на преодниот рок сака да се „ослободи“ од пет фудбалери на кои тренерот Валверде нема да смета во новата сезона (ОВДЕ).

-Арсенал ја одби и последната понуда на Манчестер Сити за Алексис Санчез (ОВДЕ).

-Бурно на „Енфилд“. Англиските медиуми пренесуваат дека Јирген Клоп ќе се обиде во последните два дена да комплетира три големи трансфери.

-Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи го договорил трансферот на Фернандо Љоренте. Шпанецот за 15 милиони евра ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“.

-Торино ќе се обиде да го донесат крилниот напаѓач на Барселона, Мунир за кого нема место во каталонскиот гигант.

-Играчот за врска на ПСЖ, Грегори Криховјак се сели во Премиер лигата. Полскиот репрезентативец ќе игра како позајмен фудбалер во Вест Бром.

-Англиските медиуми пренесуваат дека Дринквотер доставил барање за трансфер до раководството на Лестер и сака да се пресели во Челзи.

-Аргентинските медиуми ексклузивно објавуваат дека Анхел ди Марија побарал трансфер од раководството на ПСЖ и сака да се пресели на „Камп Ноу“.

-Официјално: Жереми Толијан е нов фудбалер на Борусија Дортмунд.

-Арсенал ја одби понудата на Ливерпул од 32 милиони евра за Окслејд Чемберлејн. Потсетуваме, Челзи понуди 40 милиони евра, но играчот сака преселба само во Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Судијата Радески спаси живот на фудбалер 🎥

Судијата Дарко Радески спречи можна трагедија на вчерашниот натпревар од Третата лига – За…