Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: ПСЖ нуди богатство за играч на Наполи, Челзи тргнува по Кутињо

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: ПСЖ нуди богатство за играч на Наполи, Челзи тргнува по Кутињо

Со Спортски и денес следете се што се случува на трансфер пазарот – БИДЕТЕ ВО ТЕК!

Тука може да се потсетите што се случуваше вчера на трансфер пазарот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


-Само часови го делат Игуаин од трансфер во Челзи. Англиските медиуми пренесуваат дека Аргентинецот ќе биде меѓу најплатените играчи во Премиер лигата. (ОВДЕ)

-Ново име на списокот на Реал Мадрид. „Кралевите“ се спремни да платат 70 милиони фунти за Бернардо Силва од Манчестер Сити.

-После повредата на Марко Верати, ПСЖ по секоја цена сака да донесе еден играч за врска. Главна цел е Алан од Наполи за кого „светците“ се спремни да понудат 70 милиони евра.

-Интер покажува сериозен интерес за Федерико Киеза. „Нероаѕурите“ сакаат да го подмладат тимот на лето и Киеза е главна мета. Миланскиот клуб е спремен да ги „жртвува“ Перишиќ и Гаглиардини.

Лука Модриќ ги отстрани сите дилеми за неговиот трансфер во Интер и потврди дека е среќен во Реал Мадрид (ОВДЕ).

-Милан го договори еден од најголемите португалски таленти, Тиаго Џало од Спортинг Лисабон. Тинејџерот утре треба да пристигне на лекарски прегледи во Милано. (ОВДЕ)

-Пропадна трансферот на Марко Арнаутовиќ во Кина!

-Арсенал спреми понуда за ѕвездата на ПСВ и мексикански репрезентативец Ирвинг Лозано (ОВДЕ).

-Утре треба да бидат договорени последните детали за трансферот на Криштоф Пијатек во Милан. „Росонерите“ за неговиот потпис ќе платат 40 милиони евра, а напаѓачот се очекува да дебитира следниот викенд против Наполи.

-Монако се вклучи во трката за потписот на Маруан Фелаини. Тренерот Анри прави се за да го убеди Белгиецот да се пресели во „кнежевството“.

-Главна вест денес на Островот е дека Челзи покажува силен интерес за Филипе Кутињо. Барселона е спремна да се раздели со Бразилецот, но само за понуда повика од 100 милиони евра.

-Очекувано: Директорите на Манчестер Јунајтед сериозно размислуваат да му понудат долгорочен договор на Оле Гунер Солскјер.

-Пеп Гвардиола сака да го донесе Себастијан Руди до крајот на сезоната. Екс играчот за врска на Баерн Минхен игра одлилна сезона во дресот на Хофенхајм.

-Милан не се откажува од Јаник Караско. Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ во наредните денови ќе испратат конкрентна понуда за Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…