Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Закажани прегледите на Пијатек, Ибраими се врати во „дома“!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Закажани прегледите на Пијатек, Ибраими се врати во „дома“!

Со Спортски и денес следете се што се случува на трансфер пазарот – БИДЕТЕ ВО ТЕК!

– Тука можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– Утрово одекна веста дека Пијатек во Милано пристигнува во вторник за кога се закажани лекарските прегледи (ОВДЕ)

– Официјално: Агим Ибраими после 12 години се врати во Шкендија. Ибраими пристигнува како слободен играч откако му истече договорот со Домжале. (ОВДЕ)

– Официјално: Александер Арнолд стави потпис на нов петгодишен договор со Ливерпул (ОВДЕ)

– Како единствена опција за Батчуаи останува Монако. Клубот од Кнежеството нуди позајмица, додека Челзи сака да го продаде.

– ДОГОВОРЕНО: Ешли Кол се враќа на Островот и во тимот кој го предводи Френк Лампрд, Дерби Каунти!

– ОДБИЕНО: Пропадна и последниот обид на Барселона да го промени мислењето на Франк Де Јонг кој ќе се пресели во ПСЖ. „Мундо Депортиво“ пишува дека раководството на Барселона во Амстердам во четвртокот имале состанок со претставници на Де Јонг кој завршил со неуспех за Каталонците.

Марио Балотели ја напуштил куќата во Ница и бара нова Марсеј, пишуваат француските медиуми.

– Младиот играч за врска на Лион, Танги Ндомбеле се поврзуваше со трансфер во Манчестер Сити, но според последните информации Јувентус закажал состанок со неговиот агент.

– Од Вест Хем потврдија дека Калум Вилсон со сигурност не е во нивните планови, со што ги демантираа островските медиуми.

– Нова опција за Маруан Фелаини. „РМЦ“ пренесува дека тимот на Монако е последниот кој се вклучив во трката за Белгиецот.

– ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Вест Хем ќе добие огромна сума од астрономскиот трансфер на Марко Арнаутовиќ во Кина. Според последните информации таа сума „Чеканите“ ќе ја искористат за ангажман на Андреа Белоти од Торино. Оваа вест ја пренесе секогаш добро известениот Џанлука Ди Марцио.

ЕДЕН АЗАР: Се појасно станува дека Азар постигнал договор со Реал Мадрид – таква вест објави и „Марка“! (ОВДЕ)

– Менаџерот на Марко Пјаца потврди дека фудбалерот останува во Фиорентина и дека нема да се враќа во Јувентус.

Марко Ројс во едно интервју доби прашање дали некогаш би преминал во Баерн со повисок тон одговори:

„Апсолутно никогаш! Никогаш нема да ме видите во тој дрес, тоа можам со сигусност да ви го ветам“.

Гонзало Игуаин е пред трансфер во Челзи, а сега се појавија и информации за клазулите од договорот! (ОВДЕ)

– Официјално: Поранешниот фудбалер на Барселона, Исак Куенка е нов член на Саган Тосу. За овој клуб настапува Фернандо Торес.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Проблем за Јувентус: Бремер има откупна клазула, Јунајтед е спремен да ја плати

Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула за дефанзивецот на Јувентус,…