Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Последен ден во Италија, Модриќ останува во Реал, Маркизио и Јуве „раскинаа“

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Последен ден во Италија, Модриќ останува во Реал, Маркизио и Јуве „раскинаа“

0

Денес во 20 часот се затвора трансфер пазарот во Италија, а ние ќе ве известуваме за сите трансфери кои ќе се случат на Апенините, но и ширум Европа.

Лука Модриќ и официјално останува во Реал Мадрид. Хрватот синоќа се огласи со порака на Инстаграм и ги израдува фановите на „кралскиот“ клуб. (ОВДЕ).

– ОФИЦИЈАЛНО: Клаудио Маркизио после 25 години го напушти Јувентус. Двете страни потврдија дека спогодбено го раскинале договорот. Италијанецот најверојатно кариерата ќе ја продолжи во САД (ОВДЕ).

– „Марка“ која секогаш е добро информирана за случувањата во „кралскиот“ клуб ја откри причината зошто Реал Мадрид не е активен на трансфер пазарот.


Следете го Sportski.mk и на


– Потврдено: Сампдорија е на чекор од големо засилување откако постигна договор за трансфер на Симоне Заза. Валенсија ја прифати понудата од 14 милиони евра и напаѓачот е на пат за Италија.

– „Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан до самото затворање на преодниот рок ќе се обиде да го донесе Сергеј Милинковиќ-Савиќ. „Росонерите“ се спремни да платат 120 милиони евра, од кои 40 веднаш, а 80 следното лето. Дали ќе успеат, останува да видиме…

– Потврдено: Даниеле Ругани постигна договор за продолжување на договорот со Јувентус. Наскоро ќе стави потпис на нов 5-годишен договор тежок 3,5 милиони евра по сезона.

– Шалке постигна договор со Лил за трансфер на марокснакиот лев бек Хамза Менди кој ќе се пресели во Гелзенкирхен за 7 милиони евра.

– Парма е на чекор од потпишување на договор со Жервињо. Напаѓачот го раскина договорот со кинески Хабеи и ќе пристигне како слободен агент. (ОВДЕ)

– Официјално: Торино го потврди трансферот на Кофу Џиџи од Нант. Дефанзивецот пристигна на едногодишна позајмица, но Торино се обврза да го откупи следното лето.

– Изненадување: 36-годишниот напаѓач Марко Бориело преговара со Наполи кој е во потрага по алтернатива за Милик. Ветеранот моментално е слободен агент и може да му се приклучи на тимот на Анчелоти.

– Рома испрати понуда од 40 милиони евра за ѕвездата на Баер Леверкузен, Леон Баили. Се очекува одговор од „фармацевтите“.

– ОФИЦИЈАЛНО: Милан ги потврди двата големи трансфери. Диего Лаксалт од Џенова и Саму Кастиљехо од Виљареал се „росонери“.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Македонци, вие треба само да го зачувате она што го имате“!

Вардар вчера уште еднаш ја воодушеви Македонија, но и целиот регион со својот настап во „С…