Дома Топ вести Сагата заврши: Модриќ испрати порака и ги израдува фановите на Реал Мадрид

Сагата заврши: Модриќ испрати порака и ги израдува фановите на Реал Мадрид

Иднината на Модриќ во Реал Мадрид беше главна тема во последниот месец и силно се шпекулираше дека Хрватот би можел да се пресели во Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, Модриќ синоќа испрати порака преку Инстаграм со која стави крај на сите шпекуалции и сигурно ги израдува фановите на „кралскиот“ клуб.

„Тежок пораз, но еден пораз не ја дефинира оваа екипа! Време е да се подигнеме и да продолжиме да работиме онака како што отсекогаш работевме“, напиша Модриќ.

Хрватот алудираше на поразот кој Реал Мадрид го претрпе од градскиот ривал Атлетико Мадрид во рамките на европскиот Суперкуп.

Денес во 20 часот се затвора трансфер пазарот во Италија, а судејќи по оваа објава Модриќ сигурно останува на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…