Дома Топ вести Трансфери во живо: Бонучи го напушта Милан, Погба понуден на Барселона, Анчелоти го кани Бензема

Трансфери во живо: Бонучи го напушта Милан, Погба понуден на Барселона, Анчелоти го кани Бензема

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– Официјално: Денес Челзи го претстави првото големо засилување за следната сезона. Италијанскиот плејмејкер Жоржињо потпиша петгодишен договор. (ОВДЕ).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– Бразилскиот суперталент Винисиус Жуниор денес ќе пристигне во Мадрид, а во четврток и официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид (ОВДЕ).

Леонардо Бонучи по се изгледа ќе го напушти Милан ова лето. Негова следна дестинација најверојатно ќе биде Премиер лигата. Манчестер Јунајтед веќе ја испрати првата понуда.

– Мино Раиола го понудил својот пулен Пол Погба на Барселона, но Мурињо нема намера да го пушти Французинот и ја затворил вратата за негово заминување (ОВДЕ).

– Бомба: Француските медиуми пренесуваат дека Алекс Сандро е блиску до трансфер во Пари Сент Жермен. Бразилецот веќе ги договорил личните услови, а ПСЖ е спремен да плати 60 милиони евра за неговиот потпис.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Карло Анчелоти имал телефонски разговор со Карим Бензема и го убедувал да му се придружи во Наполи. Французинот наводно сака да ја промени средината ова лето.

– Најновите вести од Островот пренесуваат дека Дени Блинд е многу блиску до враќање во редовите на Ајакс за 15 милиони евра.

– Манчестер Јунајтед е заинтересиран за хрватскиот репрезентативец и откритие на Мундијалот, Анте Ребиќ. Германски Ајнтрахт за неговата слобода бара 50 милиони евра.

Марко Пјаца е на чекор од трансфер во Фиорентина. Се е договорено и трансферот ќе биде објавен следната недела. Хрватот ќе пристигне на позајмица со право на откуп од 22 милиони евра.

Енцо Зидан, синот на легендарниот Зинедин Зидан следната сезона ќе игра на позајмица во нисколигашот Рајо Махаонди.

– Интер и официјално го донесе дефанзивецот Алесандро Бастони од Аталанта за 8 милиони евра. Трансферот беше договорен минатата година, а во Бергамо требаше да биде уште една година, но „нероаѕурите“ се одлучија сега да го донесат во Милано.

– Иднината на бразилскиот голман Алисон е се уште главна тема на Апенините. За него силен интерес покажуваат Ливерпул, Реал Мадрид но и Челзи, а Рома за неговата слобода бара 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…