Дома Фудбал Трагедија: Почина млад талент на Атлетико Мадрид

Трагедија: Почина млад талент на Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид официјално ја потврди тажната вест дека починал 14-годишниот фудбалер Кристијан Минчола.

Претседателот на оваа екипа, Енрике Серезо изрази сочувство до семејството и рече дека во клубот се шокирани. Причините за смртта не се наведени во соопштението од шпанскиот клуб.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Шокирани сме од тажната вест за смртта на нашиот играч. Атлетико Мадрид како клуб и ние како вработени, цело време ќе бидеме до семејството, кое, се соочи со голема загуба“, изјави Серезо.

Минчола важел за еден од најголемите таленти во академијата на Атлетико и му се предвидувало голема кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн го обнови интересот кон Нкунку

Баерн Минхен го обнови интересот кон Кристофер Нкунку од Челси, пренесуваат германските ме…