Дома Останати Трагедија: Гром удри маратонец на 400 метри пред целта

Трагедија: Гром удри маратонец на 400 метри пред целта

Голема трагедија се случи на маратон во Канзас (САД).

Имено, 33 годишниот мартонец Томас Стенли трчал маратон од 50 километри и кога бил на 400 метри го удрило гром по што починал на лице место.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Маратонот се одржувал на Флет Рок патеката во паркот Елк Сити. Временските услови на стартот биле идеални, но во завршницата наеднаш времето се влошило и тој регион бил погоден од силно невреме.

По ударот од громот докторите и дел од маратонците се обиделе да му помогнат на несреќниот Стенли, но не можело ништо да се направи.

Инаку станува збор за познат маратонец кој трчал и на 100 километри. Неговото време се вбројувало на крајот од трката и тој завршил како 11-ти од вкупно 104 натпреварувачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонското знаме се развеа во Милано и Кортина (Видео)

Вечерва беа отворени Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина на кои ќе учествува и Мак…