Мемфис Депај најверојатно ќе ја напушти Барселона ова лето бидејќи е ставен на трансфер листа.
Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и добро ја започна сезоната, меѓутоа Чави не е симпатизер на неговата игра и му порачал да си бара нов клуб.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Притоа, клубот има финансиски проблеми, па сака да го продаде Холанѓанецот, а најсилен интерес за него покажува Тотенхем.
„Спарси“ го договорија трансферот на Ленгле, па сакаат да го доведат и Депај и се спремни да понудат 17 милиони фунти за 28-годишниот напаѓач.
Тотенхем е исклучително активен на трансфер пазарот и веќе ги донесе Перишиќ, Ричарлисон, Бусуфа и Ленгле, а Депај најверојатно ќе биде следниот.
🚨Tottenham are planning to offer Barcelona £17m for 28-year-old Dutch striker Memphis Depay.🇳🇱 ⚪#THFC
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) July 15, 2022
🔵 #ForçaBarça pic.twitter.com/8HkPgQTQiu