Дома Трансфер зона Тотенхем почна преговори со ѕвездата на Интер

Тотенхем почна преговори со ѕвездата на Интер

Тотенхем започнал преговори со младиот дефанзивец на Интер, Алесандро Бастони, пренесуваат италијанските медиуми.

Бастони е најголема желба на тренерот Антонио Конте, а спортскиот директор Паратичи веќе имал средба со агентот на дефанзивецот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Интер има финансиски проблеми и ова лето мора да продаде една од своите ѕвезди, а тоа најверојатно ќе биде Бастони.

„Нероаѕурите“ за слободата на Италијанецот бараат 60 милиони евра, сума која Тотенхем е спремен да ја плати.

Конте веќе го убедил младиот Италијанец да се пресели во Тотенхем за да можат повторно да работат заедно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…