Toтенхем вечерва како гостин стигна до победата против Брајтон во рамките од 16. коло во Премиер лигата.
Лондонскиот клуб од почетокот на натпреварот беше подобар противник и успеа да дојде до нови три бода. Тотенхем првата шанса ја имаше уште во петтата минута кога Кејн промаши празен гол. Сепак, Брајтон не успеа да издржи долго без да прими гол и во 37. минута Кулушевски шутираше топката го погоди Ромеро и заврши во мрежата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Работата во овој натпревар Тотенхем ја заврши во 57. минута кога Бентакур запиша асистенција за Кејн кој беше многу попрецизен отколку на почетокот на мечот. Со оваа победа Тотенхем сега е седми со 48 бодови, а Брајтон е 13. со 33 бода.