Дома Трансфер зона Тотенхем го доведе голманот на Аталанта

Тотенхем го доведе голманот на Аталанта

Tимот на Тотенхем доведе нов голман, Пјерлуиџи Голини од Аталанта пристигна во Лондон.

Голини е првото засилување за Тотенхем во овој преоде нрок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Со задоволство соопштуваме дека голманот Пјерлуиџи Голини доаѓа од Аталанта на едногодишна позајмица со опција за перманентен трансфер“, соопштија од Тотенхем.

Ако Тотенхем сака во целост да го откупи неговиот договор ќе треба да плати 15 милиони евра.

Голини е 26 годишен голман кој во минатото беше дел од школите на Верон и Манчестер Јунајтед. Со Верона дебитираше во Серија А во 2014 година, а бранеше и за Астон Вила во сезоната 2016/2017.

На голот на Аталанта запиша 108 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…