Дома Фудбал Останато Токму затоа е тинејџерска сензација: Мбапе со бројки многу подобри од на Меси и Роналдо!

Токму затоа е тинејџерска сензација: Мбапе со бројки многу подобри од на Меси и Роналдо!

На Килијан Мбапе кој ова лето го освои Мундијалот со селекцијата на Франција му се предвидува блескава иднина, а има и зошто.

Фудбалскиот свет во Мбапе гледа како на фудбалер кој во иднина може да доминира во европскиот и светскиот фудбал. Французинот веќе направи нешто што не им успеваше на Роналдо и Меси – освои Мундијал.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сепак, не само во интернационалната кариера, Мбапе и на клупски план има многу подобра статистика од Португалецот и Аргентинецот во тинејџерските денови.

Имено, Мбапе на 19 години веќе зад своето има 52 погодоци, Меси на оваа возраст имал 26 погодоци, додека Роналдо 17.

Мбапе има предност и во головите во репрезентацијата, но и во Лигата на шампионите.
За репрезентацијата тинејџерската сензација има постигнато девет погодоци, додека Роналдо на тие години имал седум, а Меси четири.

Во Лигата на шампионите Кристиано Роналдо немал постигнато гол до својата 19-та година, додека Меси два пати се запишал во листата на стрелци, Мбапе веќе има 10 погодоци.

https://www.facebook.com/ifootballplanet/photos/a.182810288400445/2294196023928517/?type=3&theater

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан го обезбеди своето прво летно засилување

Од Милан успеале да постигнат целосен договор со Торино за доведување на играчот од средни…