Дома Фудбал Останато Тоа е модерниот фудбал: Овој фудбалер ќе биде во сопственост на три клуба

Тоа е модерниот фудбал: Овој фудбалер ќе биде во сопственост на три клуба

Ова е навистина интересен и редок случај.

Модерниот начин на купување, позајмици и останатите начини кои ни ги носи преодниот рок придонесоа за интересен случај поврзан за Аргентинецот Бруно Закулини.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Овој фудбалер наскоро ќе биде во сопственост на три клуба: Манчестер Сити, Верона и Ривер Плата.

Еве и како.

На почетокот тој припаѓаше на Манчестер Сити, но „граѓаните“ потоа продадоа 60% од правата на Хелас Верона, италијанскиот прволигаш.

Потоа се појави вест дека Ривер Плата практично го завршила трансферот и откупила 50% од неговите права. Што значи дека на Верона и останале 30% од правата, а на Сити 20%.

Како што пишува „Л’Екип“, неговата плата изнесува 2.6 милиони евра и оваа сума ќе ја поделат Сити и Верона.

Иначе, Закулини има 24 години, висок е 182 сантиметри и игра на позицијата фудбалер за врска. Израсна во Расинг, а тогаш во 2014 премина во редовите на „граѓаните“.

Потоа беше на позајмица во Валенсија, Кордоба, Миделсброу, АЕК, Рајо Ваљекано и Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси го договoри првиот трансфер за јануари… 2028 година

Челси го договори трансферот на еквадорското чудо од дете Дејнер Ордонез, кој официјално ќ…